Во вторникот во просториите на Општинска организација Црвен крст Радовиш се одржа крводарителска акција на која крв даруваа 27 дарители од Радовиш и околината. Факти за крводарувањето: -Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. -Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години. -Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3. -Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот. -Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед. -Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје. -На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија. -Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација Post navigation АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ПИЛАВ ТЕПЕ“ – Наоди со широк хронолошки дијапазон ЗАПОЧНА ПОЛАГАЊЕТО НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ВО РАДОВИШ