Во присуство на 35 вработени во библиотеките во Р Македонија, во организација на Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ вчера во Радовиш започна дводневниот семинар на тема „Дигитални библиотеки“ кој е дел од проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки”. Проектот се реализира во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола и Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиша, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и Општина Радовиш. Поздравно обраќање во име на општина Радовиш имаше Секретарот Драги Стојанов, каде што на присутните исто така им посака пријатен престој во Радовиш и успешна работа за време на дводневниот семинар. Со оваа активност Здружението Инова Либ се вклучи во одбележувањето на европската година за заштита на културното наследство со слоган „Нашето наследство: каде минатото се сретнува со иднината“. Библиотеките, музеите и архивите чуваат голема количина на човеково знаење и искуство кое е со векови создавано. Роднокрајните збирки се богати со важни документи и вредна граѓа и се носители на историјата и културата на луѓето на одредени подрачја и ја обединуваат граѓата која го сочинува македонскиот културен и национален идентитет. Роднокрајните збирки поради својот специфичен материјал, условите за користење и складирање се помалку достапни и видливи за јавноста, но технологијата денес нуди бројни можности за подобро презентирање на локалните фондови и поголема видливост за целните корисници. Главната цел на проектот е да ја зголеми видливоста на роднокрајните збирки во библиотеките преку прикажување на квалитетни алатки за презентација на роднокрајната граѓа во дигитален облик, и да ги информира вработените во јавните библиотеки за процесите на дигитализација кои се веќе започнати во државата. Првиот ден во првата сесија беа претставени двете софтеверски решенија: дигитално архивирање и управување со дигиталните објекти, како и вовед и запознавање со пораталот на Дигиталната библиотека (www.dlib.mk). Претставник од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе го претстави начинот за обликување на мала дигитална збирка во рамките на посебен пилот проект чија цел е да стане еден вид водич за изградба на мали дигитални збирки по пат на open-source програмско решение Gрeenstone Digital Library, особено за оние установи кои немаат доволно средства за плаќање на скапи и неприкладни решенија на дигитални библиотеки. Споменатата програмска поддршка е еден целокупен систем за обликување и прикажување на дигитални збирки кои овозможуваат вклучување на збирки на различни видови на документи (текст, слики свучни и видео снимки). По презентаците се очекува да се отвори дискусија за насоките во кои треба да се движат библиотеките во процес на дигитализација на своите библиотечни добра – според сопствените потреби и можностите и капацитетите на самата установа, како и усогласувањата со европските стандарди за дигитализација. Вториот ден учесниците ќе бидат практично обучени за користење на овие две бази и ќе имаат можност да се запознаат со: • Креирање на колекции (книги, ракописи, фотографии, видео записи, звучни записи,…); • Креирање на метаподатоци, класификатори и индекси за пребарување во колекциите; • Внесување на записи во колекциите во соодветниот формат; • Пребарување низ колекциите (основно и напредно пребарување). По извршената обука библиотекарите ќе имаат можност сами да креираат колекции и записи со соодветните мета податоци, исто така и да пребаруваат низ колекциите со помош на основно и напредно пребарување. Работилницата ќе ја водат експерти од областа на библиотекарството: Мирко Марковиќ, библиотекар советник и меѓународен консултант по библиотекарство, Р. Србија Mр. Слободан Стевановски – директор на Општинска библиотека Ковачица, Р. Србија Александар Рангелов, Раговодител на одделение за дигитализација, НУБ „Свети Климент Охридски“ Скопје Јелена Петровска, библиотекар советник, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола Александар Крстев, библиотекар информатор, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола Post navigation ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ВО УБ 15 ВО РАДОВИШ ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА „АЦО КАРАМАНОВ“ ПО ПОВОД „НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ