Во вечерашниот дуел од 3-то коло во Младинската ракометна лига, нашите надежни ракометари им одржаа лекција на врсниците од РК Вардар. Во еден возбудлив натпревар покажаа дека оваа сезона се супериорни и дека нема да дозволат никакво изненадување. Иако имаа предност на полуврме РК Вардар не успеа да го фати ритамот на нашите ракометари кои играа од срце и на крајот со последниот свиреж на сирената го постигнаа победоносниот гол. Честитки за борбената игра и прекрасниот натпревар. Младинци: РК РАДОВИШ-РК ВАРДАР 19:18 (8-9) Post navigation ПЕНЗИОНЕРИТЕ СПОРТИСТИ И ФОЛКЛОРИСТИ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ Фото: КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА ,,ТАНЕЦ”