И оваа година, Радовиш ќе празнува во чест на макеодонскиот Рембо – Ацо Караманов. Во деновите 22, 23 и 24 Ноември 2018 г. Радовиш ќе биде макеоднски, но и балкански Олимп на поезијата и ументоста. Центарот за култруа Ацо Караманов Радовиш во соработка со библиотеката Браќа Миладиновци од Радовиш и Друштвото на писателите на Македонија ќе реализара богата програма во која на еден мултимедијален начин – со спој на сите уметности ќе се чествува ликот и делото на младиот македонски гениј – Ацо Караманов. Како што е општо познато Ацо Караманов, херојски загинува на 9 Октомври 1944 година на само 17 години храбро, борејќи се за слободата на Макеоднија. Тој е првиот модерен македонски поет, којшто особено вао македонската модерна поезија ги внесува импресионизмот и експресионизмот. Во програмата на средбите ќе учествуваат триесетина уметници и поети – членови на ДПМ и гости од спет балкански земји, кои ќе се престават со врвни уметнички дела и креации. На централната манифестација на 23 Ноември ќе биде доделана и наградата за најдобра поетска книга по распишаниот анонимен конкурс од страна на средбите. Во конкуренција од 40 поетски ракописи стигнати под шифра до Советот, овогодушен добитник на наградат Карманов е поетесата од Словенија со македонско потекло Соња Цекова Стојаноска за стихозбирката „Разгранети мисли во пајажина„. Во најтесен избор влегоа и стихозбирките на поетите: Даниела Андоновска Трајковска, Сузана Мицева и Михајло Свидерски. Советот на средбите за сите нив обезбеди вредни награди и признанија. Post navigation ПОГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА ОТКОЛКУ ТУТУН ЗА ОТКУП- Започна откупот на тутунот ПОСЛЕДНО КОЛО ОД ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ НА ПРВЕНСТВОТО ВО 2МФЛ