Согласно Календарот на МРФ и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2019 година, Државниот „КУП ИЛИНДЕН 2019“ во дисциплина Пливка, категорија Сениори ќе се оддржи на 09.Јуни.2019 година на езерото Мантово. Организатор на натпреварот е Македонската Риболовна Федерација, а домаќин е Риболовниот клуб КРАП-Радовиш. На овој КУП-натпревар ќе учествуваат екипи составени од 3 (три) натпреварувачи и 1 (еден) капитен на екипата. Дозволена е употреба на прибор по слободен избор без ограничување на должина на риболовна трска, и задолжителна риболовна мрежа (чуварка) со прстени – дозволен е улов на сите видови риби без ограничување на големината. Од Риболовниот клуб КРАП-Радовиш известуваат дека на патеката се активни следните видови на риби: Плашица, Црвеноперка, Карас, Крап и Костреж и се предвидува доколку дозволат временските услови во недела секој поединец да има најмалку улов од 4-5 кг. Исто така упатуваа покана љубители на риболовот и спортот во недела да присуствуваат и ги погледнат „вештините и мајсториите на спортските риболовци“. Сррк КРАП-Радовиш искажуваат благодарност до МРФ што ги удостои по повод нивното „10-годишно“ постоење како риболовен клуб да еден официјален национален натпревар во спортски риболов биде организиран на езерото Мантово. Натпреварот ќе се одржи на добро познатата натпреварувачка патека на риболовниот клуб Крап-Радовиш. Официјален тренинг на патеката е дозволен во (Сабота). Право на тренинг имаат само пријавените натпреварувачи со Спортска легитимација. Патеката за време на тренингот ќе биде видно обележана по сектори (зони). ПРОГРАМ – СААТНИЦА : КУП Илинден 09.Јуни.2019 година( Недела) до 07.50 часот – Пристигање и пријавување на екипите од 07.50 до 08.30 часот – Отворање на КУПот и извлекување на редослед и стартни места од 08.30 до 09.00 часот – Подготовка за пристап на патеката во 09.00 часот – Пристап на патеката —————————————– сигнал бр.1 во 09.05 часот – Најава за проверка на прихрана и мамки ————— сигнал бр.2 во 09.10 часот – Проверка на прихраната , мамките и приборот ——- сигнал бр.3 во 10.20 часот – Почеток на тешка прихрана ——————————— сигнал бр.4 во 10.30 часот – Почеток на натпреварот ————————————- сигнал бр.5 во 14.25 часот – Пет минути до крај на натпреварот ———————- сигнал бр.6 во 14.30 часот – Крај на натпреварот ——————————————- сигнал бр.7 Организатор на натпреварот: Македонска Риболовна Федерација, домаќин е Риболовниот клуб КРАП-Радовиш. Post navigation „СЕНСЕИ“ СО УСПЕСИ ОД УЧИЛИШНОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ЏУДО ФА „КИТКА“ ОД ОРАОВИЦА ЗАМИНА НА ТУРНЕЈА ВО ТУРЦИЈА