Денес Фолклорниот ансамбл ,,Китка„ од село Ораовица замина на Меѓународен Фолклорен Фестивал во Урла – Измир Република Турција, каде преку претходно распишан оглас е избрана да ја претставува Република Македонија. Фолклорниот ансамбл ,,Китка“ од село Ораовица ќе престојува до 12.06.2019 година. Фестивалот се одржува јубилејно 30 пат и на истиот ќе учествуваат 25 екипи од Европа, Азија и други континенти. Фолклорниот ансамбл ,,Китка„ од село Ораовица на фестивалот замина со 40 членови Им посакуваме успешни настапи и достојно претставување на Радовиш и Македонија на нашите фолклористи. Post navigation НАЦИОНАЛНИОТ „КУП ИЛИНДЕН 2019“- ВО НЕДЕЛА НА ЕЗЕРОТО МАНТОВО МЕЃУНАРОДНА РАДОВИШКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА “СВ.ГЕОРЃИЈ”, ОРАОВИЦА