„Европската недела на спортот“ денес беше одбележана во Радовиш, која беше организирана во соработка со Агенцијата за млади и спорт, а под покровителство на општина Радовиш, и Градоначалникот Герасим Конзулов Во училишната спортска сала при ООУ „Крсте П. Мисирков“ беше спроведен проектот „Училишен ден- Биди Активен“ кој е дел од еден од најмасовните спортски настани „Европската недела на спортот“ кој паралелно се одржува во 42 земји во Европа а свое учество земаат повеќе од 13 милиони учесници. Под мотото „Биди Активен“, повеќе од 60 дечиња од I-во и II-ро одделение се забавуваа, играа и заедно со Професорите по Физичко воспитување и одделенска настава покажаа дека спротот и здравиот начин на живот треба да бидат приоритет на секој од нас. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ДЕФИЛЕ НИЗ ЦЕНТРАЛНИТЕ ГРАДСКИ УЛИЦИ ВО РАДОВИШ ПОД МОТОТО „ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ” РК РАДОВИШ ГОСТУВА ВО ОХРИД ВО УШТЕ ЕДЕН ЗНАЧАЕН НАТПРЕВАР