Општина Радовиш распиша Јавен повик за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2023 год. Во повикот се вели: Се распишува јавен повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита во општина Радовиш за 2023 година ; Потребни документи за поднесување се : -годишна програма за работа и финансиски план за 2023 год.; -извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2022 год.; -копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра); -копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци); -потврда за отворена и активна жиро сметка. Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 16.02.2023 год. Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : За јавен конкурс бр. Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ТАМПОНИРАЊЕ НА ГЛАВНИОТ ПОЛСКИ ПАТ НИЗ КОНЕЧКО ПОЛЕ ДО ДОЛНИ ЛИПОВИЌ МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОД ФК АЗУРИ РАДОВИШ РЕДАТ УСПЕСИ НА „ВИХРЕН КУПОТ“ ВО БУГАРИЈА