Oтворени работни места во Бучим: Ракувач на хранилки на отворен склад – 2 работни позиции и машинобравар – 8 работни позиции

Рудникот Бучим распиша огласи  за вработување за Ракувач на хранилки на отворен склад – 2 работни позиции и машинобравар – 8 работни позиции.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Ракувач на хранилки на отворен склад

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Ракување со хранилки и приемна опрема: Ракува со различни типови хранилки за урамнотежено и стабилно доведување на руда кон секундарните и терцијарните дробилки, Го прилагодува протокот на материјал според упатства од сменски раководител и внимава на спречување на преоптоварување, заглавување или нерамномерно полнење.
  • Следење на рудниот склад и транспорт: Врши визуелна проверка на расположливиот материјал на отворениот склад (stockpile) и известува за количините, присуство на блокови, кал, несоодветен материјал, Комуницира со оператори на багери за доведување руда до хранилките, осигурува правилна селекција на руда според гранулометрија и тип (влажна, сува блоковита…).
  • Чистење и одржување: Одржува работна хигиена околу хранилките, преминувачи, рампи и засипници, Отстранува заглавен материјал рачно или со помош на алат каде што е безбедно и дозволено и Учестува во чистење при застои, исклучувања и подготовки за ремонти.
  • Комуникација и координација: Комуницира со оператори во дробење и сменски раководители, Известува за нарушувања на процесот – дефекти, заглавувања, истекувања, присуство на надворешни елементи во рудата (дрво, метал, пластика и сл.) и Пријавува секоја опасна ситуација или близу-промашување (near-miss) според безбедносни процедури.
  • Поддршка на технолошкиот процес: Внимава на стабилноста на доставата на руда со цел да не се преоптовари дробилката или да се работи без руда, Учестува во реализација на дневен план за преработка според задачи од сменски раководител и Дава податоци за потрошен материјал, застои и непродуктивни периоди при промена на смена.
  • Дополнителни задачи: Извршува и други задачи поврзани со производниот процес по налог на претпоставениот (сменоводител, технолог, инжинер).

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС – Средно стручно образование, (метлауршко, други технички насоки);
  • Способност за тимска работа;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Тимска работа: Активна соработка со вработените во секторот за постигнување на заедничките цели

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за ракувач на хранилка на отворен склад”

Краен рок за поднесување на апликации: 16.07.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


Машинобравар

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Механичко одржување на дробилки и придружна опрема: Врши тековно и интервентно одржување на секундарни и терцијарни дробилици (конусни), Проверкa, подмачкување, замена и шпанување на погонски ремени, запчести преноси, лежишта и заптивки и учестува во демонтажа и монтажа на внатрешни обложувања (облоги, ротори);
  • Одржување на транспортни системи: Поправка и монтажа на ленти, валаци, оски, носачи и редуктори кај транспортни траки, и детектирање и отстранување на неправилности во порамнување и затегнатост на траките;
  • Поддршка во флотациона постројка: Одржување на механички елементи на флотациски ќелии, агитатори, мешалки и друга опрема, ракување со алат и инструменти при поправка на вентили, цевки и спојници во линиите за пренос на материјал и реагенси и проверка и поправка на пумпи за пулпа, пена, техничка вода и вар;
  • Контрола, пријавување и документација: Води евиденција за извршени активности во контролни листи или бази за одржување на опрема, пријавува неправилности, потенцијални дефекти и предлог-замени на делови;
  • Работа со алати и техничка поддршка: Користи стандардни и специјализирани рачни, електрични и пневматски алати (чекан, клучеви, грејач, хидраулична преса и др.), работа со мерни инструменти (шублер, микрометар, мерачи на отстапување и ниво и др.) и монтира и порамнува делови со помош на технички цртежи и шеми;
  • Тимска координација и дополнителни задачи: Соработува со електричари, технолози и оператори за синхронизирана работа, како и учество во планирани ремонти, превентивни сервиси и застои;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС – Средно стручно образование, (машински техничар, машинобравар, бравар);
  • Читање на технички цртежи и монтажни шеми;
  • Поседување на сертификат на дадената позиција (машинобравар) се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Способност за тимска работа;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена:

  • 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Машинобравар”.

Краен рок за поднесување на апликации: 16.07.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Погледнете повеќе

Повеќе информации