Традиционално и оваа година во Општина Радовиш, на 19.01.2026 год. – Понеделник, ќе биде одбележан верскиот празник Богојавление (Водици). Во организација на Македонската православна црква – Брегалничка епархија, во соработка со ЕЛС општина Радовиш предвидена е следната Програма: 19.01.2026 – БОГОЈАВЛЕНИЕ – (Водици) 07:00 час. Света Богослужба во Храмот „Св.Илија“ во Радовиш 09:45 час. Лицитација на светиот крст 10:15 час. Тргнување на литијата (поворката) од Храмот „Св.Илија“. Поворката ќе се движи до Храмот „Св.Троица“, па заедно со верниците од „Св.Троица“, ќе се движат до базенот. 10:45 Пристигнување кај базенот, осветување на водата и фрлање на Господовиот Свет крст во водата на базенот. 07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св.Троица“во Радовиш 10:15 час. Лицитација на светиот крст 10:30 час. Приклучување на литијата (поворката) на верниците кои доаѓаат од Храмот „Св.Илија“. 20.01.2026 – СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св.Троица“ и Храмот „Св.Илија“ Од управата на двата Храма Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Лице од Калуѓерица агресивно се однесувал и фрлал со предмети кон полициските службеници „Водокрст“ се слави силата на крстот, денот пред „Богојавление“