На 16.01.2026 во 05:45 часот во с. Калугерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од истото село. На 16.01.2026 во 05:15 часот тој агресивно се однесувал и фрлал со предмети кон полициските службеници што извршувале службени дејства. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. СВР Струмица *Фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation (ФОТО) МИЦКОСКИ: Поранешната Стоковна куќа во Радовиш ќе стане мултифункционален и културен центар Распоред на програмата за Богојавление – Водици во Радовиш