Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2). Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне се прогнозира и за Радовиш. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд. Post navigation ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ПОЛИЦИСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГО ПОСЕТИЈА РАДОВИШ НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА И НОВ ЦЕВКОВОД ВО РАДОВИШ