Од видео надзорот во живо на Јавното претпријатие за државни патишта, може да се забележи дека од рано наутро има гужва на граничниот премин „Богородица“. Иако летната сезона е на самиот старт, се чини дека граѓаните веќе го користат топлото време и слободниот викенд за релаксација кај нашиот јужен сосед. Според известувањето на АМСМ, заклучно со 8:30 часот, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оттаму велат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Собранието го донесе Законот за реорганизација на министерствата Прскање против комарци на територијата на Југоисточниот регион