Почитувани, При подигање на контејнерите кои се поставени на повеќе локации на планината Плачковица забележано е фрлање на кабаст отпад од Ваша страна (телевизор, душеци, стари дрвени кревети и слично). Возилото што ги подига контејнерите нема можности за собирање на таков вид на отпад и може да се оштети. Ве замолуваме во иднина да не фрлате кабаст отпад покрај контејнерите на планината Плачковица бидејќи нема да биде подигнат таков отпад, а ќе остава лоша слика за околината. Доколку сепак сакате да фрлате таков отпад симнете го и ставете го до првиот контејнер во градот и ќе го собереме со трактор. Во населбата “Еренџе” каде има и повеќе викендици, поради зголемена количина на смет поставивме уште еден контејнер. Ги замолуваме сите кои имаат викендици во “Еренџе” сметот да го фрлаат во контејнерот, а стаклените и пластичните шишиња и чаши може да се соберат во ќесе или вреќа и да се стават до контејнерот. Со фрлање во контејнерот на таков отпад само се зафаќа место и органскиот отпад останува околу контејнерот и се растура од кучиња или ветер. Благодариме за разбирањето! ЈП Плаваја Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] [metaslider id=”9079″] Post navigation ,,ЗДРАВО СРЦЕ, СРЕЌНО СРЦЕ„ – одбележана Неделата на борба против срцевосадови заболувања ПОШТА ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО СО УСЛУГА ЗА ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ