И оваа година под покровителство на Градоначалникот Ацо Ристов и Советот на општина Радовиш се одржа седмата по ред меѓународна ликовна колонија „Св.Георгија“. Во организација на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш, оваа година на колонијата учествуваа неколку ликовни уметници од Бугарија и Србија, академски сликари од Македонија како и членовите на „РАДА-ДЛУР“. Свеченото затварање се одржа во Сабота во Музејот на љубовта и уметноста, каде беа изложени уметничките дела кои беа изработени на самата колонија. Градоначалникот Ристов, упати благодарност до сите кои земаа учество оваа година, со желби оваа традиција да продолжи и во иднина. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ОРО ВЕСЕЛО“ РАДОВИШ БЕШЕ ДОМАЌИН НА ТРАДИЦИОНАЛИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „МАКЕДОНСКИ БИСЕР“