Деновиве интензивно се работи на проектот за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река, со што значително ќе се зголеми безбедноста од поплави и ќе се намали ризикот за околните објекти и земјоделски површини. Паралелно со градежните активности, спроведено е и темелно чистење на наносниот материјал, вегетацијата и шутот од коритото, со цел да се обезбеди непречен проток на водата и долгорочна функционалност на речното корито. Со оваа интервенција се прави уште еден чекор кон уредена, побезбедна и поеколошка животна средина за сите граѓани – информираше Градоначалникот Љупче Почивалец. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила Започна официјалната програма на овогодишниот „Струмички карневал„