Клуб 11 на ОО Црвен крст Радовиш по повод доаѓањето на месец март имаше активности за изработка на мартинки, кои вчера на штанд пред паркот беа изложени и граѓаните можеа да си купат со што донираа средства во Црвен крст. Мартинката се прави од засукан бел и црвен конец. Боите имаат строго определена смисла: црвено-живот, љубов и бело-чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март да се врзе на раката за здравје и среќен живот. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во некои региони и до првиот ден на пролетта, кога се врзуваат на процветано дрво или пак се пуштаат во најблиската река “за да оди, како тече реката”. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] [metaslider id=”9079″] Post navigation ПРЕКУ ВЕБ-АПЛИКАЦИЈА ПОЧНУВА ПОПИШУВАЊЕТО ,,ЗДРАВО СРЦЕ, СРЕЌНО СРЦЕ„ – одбележана Неделата на борба против срцевосадови заболувања