Прогласени најдобрите маски од овогодишниот „Радовишки детски карневал“, како и беа доделени Благодарници на сите оние кои ја помогнаа неговата реализација. По упатената јавна благодарност од страна на Градоначалникот Ацо Ристов до сите учесници и вклучени во организацијата, благодарници беа доделени на: волонтерите од СОУ „Коста Сусинов“ и од Црвен крст ОО Радовиш, Општинските основни училишта, Детската градинка и СОУ „Коста Сусинов“. Потоа се премина на доделување на Дипломи и ваучери на најдобрите маски во посебните категории и тоа : категорија А – од 1 до 5 учесници, категорија Б – од 5 до 10 учесници, категорија В – од 10 до 30 учесници, категорија Г – од 30 до 50 учесници, и категорија Д – над 50 учесници, каде најуспешна беше маската „Штрумпфови“ од ООУ „Крсте Петков Мисирков“. Гран при за најубава маска на карневалот беше доделена на маската „Не лути се човече“. Фото галерија – Општина Радовиш – ЛИНК Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОПШТИНА РАДОВИШ СТАНУВА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ АДАПТ ИСТЕКОА АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ, ВЕЌЕ БЕЗ ЛИМИТИРАНИ ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ