Црвениот крст во периодот од 21-28 февруари 2023 г. ја одбележа Неделата на борба против срцевосадови заболувања. На 28.02.2022год. по повод одбележување на Неделата на борба против срцевите заболувања волонтери од Клубот на млади при ООЦК Радовиш поделија неколку флаери за превенцијата на срцевите заболувања на граѓаните низ градот Радовиш. Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт како во светот така и во Македонија. Се проценува дека 17,9 милиони луѓе починале од срцевосадови заболувања во 2019 година, што претставува 32% од сите глобални смртни случаи. Од овие смртни случаи, 85% се должат на срцев и мозочен удар. Во Македонија повеќе од 57 % од смртните случаеви се последица на срцевосадовите заболувања. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА АНАЛИЗА НА РОДОВАТА КОМПОНЕНТА НА „ПРОГРАМАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ” НЕДОСТАСУВА МЕДИЦИНСКИ КАДАР ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА, ГРАЃАНИ ОД РАДОВИШ И РЕГИОНОТ ЧЕКАAТ НА РЕД ЗА ОПЕРАТИВНИ ИНТЕРВЕНЦИИ