Во деновите од 23 до 25 Март, Радовиш ќе биде домаќин на завршниот турнир од одбојкарскиот куп на Македонија. Во организација на одбојкарската федерација на Македонија, натпреварите ќе се играат во СРЦ „25 Мај“ и тоа: во Четврток – полуфиналните дуели во машка категорија, Петок – полуфинални дуели во женска категорија и во Сабота – финалните натпревари, а директен пренос ќе врши Македонската радио телевизија. Да дадеме максимална поддршка на овој настан и да уживаме сите заедно во уметноста на одбојката. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО ДОЛНИ ЛИПОВИЌ ДИПЛОМАТСКИОТ ЕКОНОМСКИ КАРАВАН ВО РАДОВИШ