На седницата беше разгледана и усвоена Одлуката за прифаќање на донација на противпожарно возило од Здружението „ИЗВЕДЕН ОРАОВИЦА ДИЈАСПОРА“ од Швајцарија, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица – Радовиш. Особено значајно е што, покрај обезбедувањето на противпожарното возило, Здружението ги обезбеди и целосните средства за негов транспорт од Швајцарија до Радовиш. Со тоа, за Општина Радовиш не произлегуваат дополнителни финансиски трошоци за транспортот на возилото. Донацијата претставува значаен придонес за унапредување и зајакнување на техничките и оперативните капацитети на Територијалната противпожарна единица – Радовиш, што ќе овозможи подобра подготвеност и поефикасно постапување при интервенции и заштита на граѓаните и нивниот имот. Општина Радовиш упатува благодарност до Здружението „ИЗВЕДЕН ОРАОВИЦА ДИЈАСПОРА“ од Швајцарија за значајната донација и за поддршката која претставува конкретен придонес кон унапредување на безбедноста и заштитата на граѓаните на Општина Радовиш. Општина Радовиш и понатаму ќе продолжи да поддржува и реализира активности насочени кон подобрување на условите за работа на службите од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОДБЕЛЕЖАН 8 СЕПТЕМВРИ – „ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА“