Општина Радовиш е дел од регионалниот проект EcoConnect, поддржан од Светската банка и Министерството за животна средина и просторно планирање, чија цел е зајакнување на заштитата на биолошката разновидност и обновување на деградираните екосистеми. Во рамките на проектот, посебен фокус ќе биде ставен на сливот на Радовишка Река, каде што се предвидени активности за планирање и спроведување мерки за обновување на природата, примена на решенија засновани на природата и следење на еколошките резултати. EcoConnect опфаќа шест земји: Албанија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина, а се спроведува од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), во партнерство со националните институции. Со учеството во овој проект, Општина Радовиш се вклучува во регионалните напори за зачувување на природното богатство, подобрување на животната средина и создавање поодржлива иднина за локалната заедница. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 🧠 СВЕТСКИ ДЕН НА МОЗОЧНИОТ УДАР – ПРЕВЕНЦИЈАТА МОЖЕ ДА СПАСИ ЖИВОТ! УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ – ИЊЕВО ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ