Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов денес оствари средба со дел од пензионерите – спортисти и учесници на културни-уметнички манифестации кои имаат успеси од регионалните и републичките пензионерски спортски и културно-уметнички натпревари. На денешната средба на Градоначалникот Конзулов од страна на Пензионерите од Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче и нивниот Претседател Јордан Костадинов беше запознаен со успесите и престојните активности и планови кои треба да ги реализира оваа најмасовно здружение во општина Радовиш, од страна на Претседателот Костадинов од негово име и од име на здружението упати искрена благодарност до Градоначалникот Конзулов за безрезервната поддршка кој секогаш ја имаат од него и општина Радовиш. Градоначалникот Герасим Конзулов им ги честиташе постигнатите успеси, посакувајки им многу здравје и поголеми успеси во 2019 година. Во чест на оваа средба и сеќавање пензионерите добија скромни подароци. Post navigation ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ДЕДОТО И РЕПКАТА“ МЛАДИНЦИТЕ НА РК РАДОВИШ ИМ ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА НА ВРСНИЦИТЕ ОД РК ВАРДАР