Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до 20-тиот степен и максимална температура до 37 степени. Во текот на неделата се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност со постепен пораст на дневните температури. Post navigation Просечната пензија ќе порасне за 2.130 денари Со 2.23 промили во крвта радовишанка, возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот