Приведена радовишанка, возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода лице од Радовиш. Taa на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Информираат од МВР Post navigation Повторно следува период на сончево и топло време со високи температури Пријавете се за учество во мерката Вработување и раст на правни субјекти!