Вечерта помеѓу, 28 и 29 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот граѓаните ќе треба да ги поместат за 1 час назад. Со тоа завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот. Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што беше усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври 2021. Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавство и определување на начинот на транспонирање на директивата. Причина за поведување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти, или 4,6 милиони Европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот. Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен. Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера. Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПОВТОРНО ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА ВО РАДОВИШ КАЈ ЕДНО ЛИЦЕ ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОД РУДНИКОТ БУЧИМ