Денес не зборувам само како тренер.

Не зборувам само како дел од клубот.

Зборувам како претседател на Muay Thai Адреналин – со полно срце и со гордост што не може да се измери.

Работиме макотрпно.

Создадовме нешто од нула.



Поминувавме низ препреки што многумина не ги ни гледаат.

Работевме ден и ноќ.

Воспитувавме деца, градевме спортисти, создававме карактери.

Од под ноктите вадевме за да застанеме таму каде што стојат клубови со далеку поголеми буџети.

 

И денес можам гласно да кажам — трудот не беше залуден.

Името му е Мирко Василев.

Момче кое порасна во сала што ни е втор дом.

Момче кое знае што значи дисциплина, почит и жртва.

 

Отиде на подготовки во Thailand — земјата на Muay Thai.

За само 15 дена доби понуда за борба на Bangla Boxing Stadium.

Го предизвика шампионот на нивни терен.

 

И донесе појас.

Појас за Македонија.

Појас за Радовиш.

Појас за сите деца што веруваат дека со работа сè е можно.

Горди сме на Мирко.

Горди сме на секој изминат тренинг.

Горди сме на времето, солзите и потта вложени во салата што ни е дом.

 

Ова не е само победа.

Ова е доказ дека кога срцето е големо, границите не постојат.

 

Со почит,

Vlatko Petrov

Претседател на Muay Thai Адреналин


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!