Во тек се работни активности на повеќе инфраструктурни проекти во општина Радовиш. Се асфалтира улицата во Раклиш која е во должина од 370 м. ширина 6 м. Асфалтирањето ќе биде со два слоја на асфалт 7+4 см, а исто така ќе биде поставен бекатон на тротоарите долж целата улица. Деновиве активно се работи на уредување на јавната површина и поставување на урбана опрема на паркот кај болницата-Детско игралиште. Исто така се продолжува со работните активности на чистење на Радовишка Река, се чистат наносите од поплавите и поројните дождови кои ја зафатија нашата општина. При крај се работните активности за санирање и реконструкција на градскиот стадион и службените простории. Post navigation КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА РК РАДОВИШ СЕ ЗАСИЛИ СО ИВИЦА ЛАЗАРЕВСКИ