Во рамки на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ интензивно продолжува да се работи на изградба на речното корито на река Сушица на подрачјето на општина Радовиш. Согласно предвидените активности, прво е изведено чистење на вегетација, жбунови и дрвја со одвоз на материјал до депонија, со што е отпочнато оформување на десната страна на коритото по течението на реката, во должина од 300 метри, со машински широк откоп. Градежните работи на теренот се одвиваат според планот, а во моментот се работи на машински ископ на темел, припрема и изведба на кејски ѕид од ѕидан камен по спецификации дадени во проектот. Градежните активности по проектот е предвидено да траат до месец април 2021 година. Овој проект е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Македонија – информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ПО ЗЕМЈЕН ПАТ ЈАНА ЈОВАНОВА Е ПОМЕЃУ ПОБЕДНИЦИТЕ НА НАТПРЕВАР ВО РУСИЈА И ДОБИ ОФИЦИЈАЛАНА ПОКАНА ЗА НАСТАП ВО ПРЕСТИЖНАТА „КАРНЕГИ ХОЛ“ ВО ЊУЈОРК