Во просториите на ОО Црвен крст Радовиш се реализираше крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина од Штип.

64 наши сограѓани одговорија на повикот за хуманост и дадоа свој придонес во мисијата за спасување животи.

Kрводарителските акции се дел од целокупниот систем за обезбедување на навремена и безбедна крв во државата и тој процес не смееме да дозволиме да застане како организатори – истакнаа од ОО Црвен Крст Радовиш.

ОО Црвен Крст Радовиш

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!