Во саботата започна разигрувањето во Плај Аут фазата во Супер ракометната лига на Македонија, нашиот тим гостуваше во Прилеп каде што претпе пораз со резултат 35-25. Во разигрувањето за опстанок во супер ракометната елита се уште екипите на Голден Арт, Струга, Скопје, Куманово, Јуниор и Вардар Неготино, веќе во сабота во Радовиш ни гостува Неготински Вардар, каде што од нашит ракометари се очекува и првата победа во оваа разигрување. Нашата екипа стартуваше со 1 бод кој е пренесен од првиот дел од првенството, напреварот љубителите на ракометот ќе можат да го проследат во живо на ракометниот канал на РФМ. Шеснаесет екипи беа поделени во 4 групи, кои ќе играат полуфинале и финале во групите за купот на Македонија во кое разигрување е и нашата екипа, а победниците одат понатаму. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 18/19 март. Ждрепката одлучи РК Радовиш во првиот натпреавар од групната фаза да одигра со Еурофарм Пелистер 2. Во група 2 се уште Голден Арт и Пролет. Група-2 – Куп на Македонија: РК Радовиш – РК Е. Пелистер 2, РК Голден Арт – РК Пролет Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАПОЧНУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО ОПШТИНА РАДОВИШ ОБЕЗБЕДИ СРЕДСТВА ЗА НАСТРАДАНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА