Ротари клуб Струмица организира настан кој ќе биде од донаторски карактер – средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема Со особена чест и гордост Ве информираме за формирањето на Ротари клуб Струмица, дел од светската мрежа на Ротари Интернационал, која брои над 1.4 милиони членови и над 45.000 клубови ширум светот, обединети во идејата за хуманост, служба кон заедницата и градење мостови на пријателство и соработка. Свечениот настан на официјалното чартерување (отворање) на клубот ќе се одржи на 17.05.2025 година (сабота) во Хотел Сириус, со почеток во 20:00 часот. Настанот ќе биде збогатен со пригодна програма, музика и присуство на бројни гости и поддржувачи. На чартер-забавата се поканети: претставници на верските заедници; пратеници од Општина Струмица; градоначалниците од Струмичкиот микро-регион; советници од Општина Струмица; директори на јавни институции; истакнати бизнисмени и претприемачи; како и бројни пријатели и соработници кои ја поддржаа иницијативата. Настанот има и донаторски карактер – средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за Детското одделение – Педијатрија при ЈЗУ Општа Болница Струмица. Ова е прв ваков настан во Струмица и претставува важен чекор во развојот на заедницата, преку хуманитарна, едукативна и општествено одговорна работа. Се вели во информацијата од Ротари клуб Струмица Post navigation Засадиле и одгледувале 69 стебла марихуана во Сулдурци Прво рели со историски возила од натпреварувачки карактер