Денес беше одржана свечената седница на Советот на општина Радовиш, по повод 6-ти Ноември-Денот на ослободувањето на градот Радовиш. Советниците на оваа седница работеа со Дневен ред од четири точки. Свечено обраќање пред присутните имаа Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов по повод „6-ти Ноември“ – 74 години од ослободувањето на Радовиш. Потоа се продолжи со одобрување на Предлог-Одлука за доделување на општинските награди и признанија по повод празникот „6-ти Ноември“ – 74 години од ослободувањето на Радовиш. Post navigation ШЕСТО НОЕМВРИСКИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ПОМЕЃУ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА (Фото) ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ КУЌАТА НА ФАМИЛИЈА АНЧЕВИ