Во текот на вчерашниот ден голем пожар ја зафати семејната куќа на фамилија Анчеви на улица Ана Поцкова во Радовиш. Денес истражни екипи беа на увид и ја утврдуваа причината за настанатиот пожар, а исто така Градоначалникот Конзулов ја посети оваа фамилија која ги снајде оваа несреќа. Семејството Анчеви замолува и бара помош од сите хумани граѓани за да се врати во нормала и да се санира опожарената куќа. Сите кои имат желба да помогнат и донираат можат тоа да го сторат на трансакциска сметка 200002979201635 – Стопанска Банка на име на Јанчо Анчев. Советот на општина Радовиш на денешната седница исто така усвои и додели еднократна помош за оваа семејство. Post navigation ОДРЖАНА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ, ПО ПОВОД „6-ТИ НОЕМВРИ“- ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА РАДОВИШ ОДБЕЛЕЖАНО ПРВОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА КАРПАТА НА „ПЛОЧА“