Општина Радовиш и градоначалникот Љупче Почивалец им го честитаат почетокот на летниот распуст на сите основци и средношколци и им посакуваат пријатен, безбеден и заслужен одмор исполнет со многу убави моменти, дружење и нови искуства.

Посебни честитки до полуматурантите, кои денес затвораат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици. Општина Радовиш оваа година го организираше и финансиски го поддржа заедничкиот дочек за сите полуматуранти од петте основни училишта во нашата општина, со цел овој значаен момент да остане во трајно сеќавање.

Ви посакуваме прекрасна прослава, многу успех во понатамошното школување и исполнување на сите ваши соништа и цели.

Среќен распуст и среќна полуматура!

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!