Денеска учениците од трето одделение од ООУ „Орце Николов“ од село Ињево беа во посета на Општина Радовиш. За време на посетата, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со работата на општинската администрација, градоначалникот и службите во општината, како и со начинот на функционирање на локалната самоуправа. Топол пречек на најмладите гости им приредија градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, и секретарот на општината, Спасија Ефнушева, кои ги запознаа учениците со работата, надлежностите и секојдневните активности на општинските служби. Посетата беше реализирана во рамките на наставните содржини преку кои учениците учат за институциите и нивната улога во општеството. Ваквите посети се одлична можност учениците преку непосредно искуство да стекнат нови знаења за функционирањето на институциите и значењето на локалната самоуправа. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОПШТИНА РАДОВИШ Е ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ ECOCONNECT, ПОДДРЖАН ОД СВЕТСКАТА БАНКА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ