Министерството објави оглас за прием на професионални војници. 1. За прием на 300 (триста) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон. 2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови: Општи услови: – да се државјани на Република Северна Македонија; – да се полнолетни и – да имаат посебна здравствена и физичка способност. Посебни услови: – да имаат завршено средно образование; – да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници. 3. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот. 4. Платата изнесува од 30.552 денари па нагоре, со дополнителни над 13.000 денари за надоместокот на трошоци за станбено обезбедување. 5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност. Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје. 6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана. Погледни ЈАВЕН ОГЛАС © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Попладне и утре облачно со пообилни врнежи од дожд Лазарева сабота „Лазара“. За многу години!