Свети Лазар четвородневниот саботата пред Цветници, осум дена пред Пасха Една недела пред Велигден е празникот Цветници, а саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица. Светиот Лазар, брат на Марта и Марија, беше родум од Витанија, близу Јерусалим. Во време на својот живот на земјата Господ Исус Христос често го посетуваше домот на Лазара, кого многу го сакаше и го нарекуваше Свој пријател (Јн. 11: 3, 5, 11). Кога Лазар умре и веќе четири дена се наоѓаше во гроб, Господ го воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“. Многумина Евреи откако чуја за тоа, дојдоа во Витанија и се уверија во воскресението Лазарево, та станаа следбеници Христови. Затоа првосвештениците сакаа покрај Исуса Христа да го убијат и Лазара. По своето воскресение, светиот Лазар живееше уште 30 години. Беше епископ на островот Кипар, каде што го ширеше Христијанството. Таму, на Кипар, мирно се упокои и е погребан во градот кој поради гробот на светиот Лазар денес се нарекува Ларнака, што значи „кивот“. Во 898 година византискиот император Лав Мудри (886-911) ги пренесе неговите мошти во Константинопол и ги постави во храмот кој го носи неговото име. Со Лазарева Сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек што зависело од неговата возраст и статус и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуваат напредок на семејството, здравје и среќен живот на поединецот. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Јавен оглас за прием на 300 професионални војници Денеска е празникот „Цветници“, предвестие на големиот Христијански празник Велигден!