Рок за аплицирање до 22 јануари – во тек се 4 јавни повици за државна земја под концесија. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, на 23.12.2019 година, објави 4 јавни повици за распределба на државна земјоделска земја до 3 хектари. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК (ПОНУДА) Образецот за учество на јавниот повик (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk); и истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворен коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ За допонителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02/3134-477 или да ја посетат веб страната на Министерството www.mzsv.gov.mk Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот повик е 22.01.2020 година (Среда) Post navigation ПЛАЌАЊЕТО ВО ГОТОВИНА ЗГОЛЕМЕНО ОД 500 НА 3000 ЕВРА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА