Општина Радовиш распиша Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата од општина Радовиш за 2020 година, и на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2020 год.

 

Дел од потребните документи за поднесување се: Програма за работа со финансиски план за 2020 год., Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во текот на 2019 година; Тековна состојба од Централен регистар и др.

Повеќе на следниот линк за Јавен конкурс за спортски клубови – КОНКУРС

Повеќе на следниот линк за здруженија на граѓани од областа на културата – КОНКУРС

 

Период за доставување на документите е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 21.01.2020 год., а пријавите се поднесуваат на адреса на Општина Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш.

 

Информираат од Општина Радовиш




error: Содржината е заштитена !!