Возбудувањата во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) продолжија и денеска, а екипите на ФК Готен и ФК Слога од Злеово забележаа различни резултати во своите натпревари. ФК Готен со убедливи 1:8 славеше на гостувањето против ФК Подгор во Колешино, прикажувајќи одлична игра и голема ефикасност пред противничкиот гол. Најрасположени за голови беа Даниел Бојчев, Бојан Митев и Зоран Спасов, кои постигнаа по два гола, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Благој Василев и Иван Конзулов. Од друга страна, ФК Слога од Злеово на домашен терен одигра нерешено 3:3 против ФК Напредок, во натпревар со шест постигнати голови и поделба на бодовите. Две различни средби, но продолжува борбата за нови бодови во Општинската фудбалска лига. Radovis News – Резултати и случувања од локалниот фудбал! © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ОСОБЕНО ПОПЛАДНЕ И ВО ТЕКОТ НА НОЌТA 🏆 БК БУЧИМ РАДОВИШ ЕКИПЕН ШАМПИОН НА СЕДМИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „ТРОФЕЈ СВЕТСКИ ШАМПИОНИ – БОРЕЧКИ ЛЕГЕНДИ 2026“! 🥇