Интензивно се работи на делницата од 1,2 километри од т.н. Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, која е во напредна фаза на реализација. Овој патен правец е предвиден за движење на тешките товарни возила, со цел тие да не поминуваат низ населеното место Подареш. Со реализацијата на проектот значително ќе се растовари сообраќајот низ селото и ќе се зголеми безбедноста на жителите. Проектот е финансиран со 22 милиони денари од Општина Радовиш и дополнителни 24 милиони денари од Министерството за транспорт и врски. Од Општината очекуваат градежните активности да завршат во најскоро време, со што Подареш ќе добие значајно сообраќајно растоварување и побезбедни услови за движење на граѓаните. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 🩸 КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА 🏛️ ОДРЖАНА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ“