• Услови за користење

ГОРНИЦА (Дива круша) – моќно растение

ГОРНИЦА  – грмушка или мало листопадно дрво со бодливи леторасти, расте во Јужна Европа и во Западна Азија. Листовите се јајчесто издолжени, одоздола сивозелени, влакнести. Цветовите се бели, плодовите ситни, тркалезни, жолтокафеави крушки, богати со склеренхимски клетки и со танин. Термофилен и ксерофилен вид, со општа распространетост во Македонија, на топли и суви страништа.

Дивата круша (Горница) (Pyrus piraster) е со широка пирамидална крошна и со кратко, густо и рамно стебло. Кората е дебела околу два сантиметри, темно сива, младото стебло е мазно, а старото длабоко испукано. Листовите се долги околу осум сантиметри. Плодот зрее и се бере во август-септември.

Семката е црна, сјајна и сплескана. Цвета од април до мај, во исто време со излегување на листовите. Цутењето на едно стебло трае од 10-14 дена. Дава обилен нектар и цветен прав. Дивата круша може да доживее старост и до 150 години и најчесто расте во листопадните шуми, во средна и југозападна Европа.

Поради тоа што е многу отпорна на мраз или пак суша таа е многу погодна за калемење со други благородни и племенити сорти на круша.

Се користи плодот кој влегува во состав на разновидни овошни и шумски чаеви. Младите листови на дивата круша го поттикнуваат излачувањето на песокот и камењата од уринарните канали.

Плодот дива круша има и хранливи и лековити својства. Свежиот плод во просек содржи околу 24% вода. 3,13% шеќер, 0,2% јаболкова киселина, 0,4% белковини, 0,3% масти, 3,5% пектини и 2,5% несварливи супстанци. Содржи витамин А и Ц, како и минералите׃калај, фосфор, магнезиум и калциум. Во човечката исхрана, зрелиот плод се користи за производство на мармалад а може да се користи и во производство на добра ракија. Во народната медицина дивата круша се употребува за овошен чај, против кашлица, воспаление на грлото и поволно делува на слузокожата на цревата.

Дивата круша не се сади, туку сама никнува.

 

 






 

 




 


 

 



 



Related Articles

Временска прогноза