И ДЕНЕС ВРНЕЖЛИВО, ЗЕМЕТЕ ЧАДОР

Денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утре ќе преовладува облачно време, почувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. На повисоките планини ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од североисточен, а во источните од југоисточен правец.
До недела претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре на места врнежите ќе бидат пообилни. Од недела попладне и во првите денови од работната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Погледнете повеќе

Повеќе информации