• Услови за користење
  • Импресум

НЕМИЛ НАСТАН ВО СТРУМИЦА, ОПОЖАРЕНА ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА КАДЕ ШТО Е ТВ КАНАЛ ВИС

Пожар во зградата на поранешната касарна, гореше и ТВ канал ВИС

Како што информира ТВ Вис преку својот портал, рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата.

Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета.

Од ТВ канал ВИС информираат дека  нема да ги остави гледачите без содржини.

Телевизиските екипи ќе работат и понатаму на терен, ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната web страна, фан страната на facebook, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот youtube канал.

 

Известуваат од ТВ канал ВИС 

 




 

Related Articles

Временска прогноза