• Конче
  • Услови за користење
  • Импресум

ПРВИОТ УСПЕШЕН ПРОЕКТ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВАТА, ГО ИМА ОПШТИНА КОНЧЕ

Општина Конче е првиот успешно спроведен проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата, чија цел е решавање на проблемот со прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште и подобрување на ефикасноста на земјоделско производство.

Проектот е организиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), а со поддршка напроектот финансиран од Европската Унија “МАИНЛАНД” кој го спроведува ФАО.

Со оваа активност, во која беа активно вклучени голем број на земјоделски домаќинства како и вработените во општината Конче, се постигна окрупнување на парцелите и во приватна но и во државна сопственост, што ќе допринесе во зголемувањето на ефикасноста и профитабилноста на земјоделското производство во нашиот регион.

Како Општина, ни представува голема чест што токму во нашиот крај се финализираше и денес усвои првиот план за консолидација во наштата држава, што е нормална и редовна алатка за решавање на проблемот со уситнетоста на земјоделските домаќинства во поголемиот број од земјите членки на Европската Унија.Конче беше избрано за пилот подрачје за спроведување на консолидација на земјоделско земјиште по принципот на распределба на земјишни парцели без промена на граници, на вкупна површина од 28 hа, расцепкано на 101 парцелa, со просечна големина од 0,39 ха. – истакна Градоначалникот Илиев.

Еден сопственик на земјоделско земјиште во Конче поседува во просек четири парцели кои се меѓусебно оддалечени повеќе од еден километар. Како последица, земјоделците се соочуваат со високи транспортни и производствени трошоци, ограничен обем на производство, ограничени приходи од земјоделската дејност како и ограничени можности за примена на современа технологија и агро-технички практики.

Како резултат на новата распределба на парцелите во Конче бројот на земјоделски парцели и нивната големина ќе останат исти, но тие ќе се групираат и нивната оддалеченост значително ќе се намали со што вклучените сопственици на земјиште ќе имаат можност да организираат производство со зголемена ефикасност и намалени производни трошоци.

Очекуваните ефекти се зголемување на приносите, а со тоа и на обемот на земјоделското производство како и значително намалување на прoизводните трошоци.

Информираат од Општина Конче

 


 



 


 


 

 


 



 

Related Articles

Временска прогноза