• Услови за користење
  • Импресум

РК РАДОВИШ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ, СЛЕДУВА ДУЕЛ СО РК ПЕЛИСТЕР ВО ЧЕТВРТОК

РК Радовиш вчера беше супериорен во дуелот во Скопје против домашниот РК Работнички, нашите ракометари ниту во ниеден момен не дозволија изненадување во текот на целиот натпревар.

Првото полувреме заврши со резултат 9-17 за нашиот клуб, супериорноста продолжи и во вториот дел со конечните 29-38, натпреварот беше одигран во Спортска сала Гимназија „Кочо Рацин“ населба Ѓорче Петров во Скопје. 

РК РАБОТНИЧКИ – РК РАДОВИШ 29-38 (9-17)

Овој натпревар љубителите на ракометот можеа да го проследат Live Streaming на страницата на Ракометната федерација


Веќе во четврток РК Радовиш е домаќин во Срц „25 мај“, ни доаѓа РК Пелистер. Од управата информираат дека на овој натпревар ќе биде дозволено присуството на публиката, имајки предвид дека минатиот викенд поради настанатите ситуации и препораки од Министерството за здравство и РФМ со РК Пролет се одигра без публика, па затоа љубителите на ракометот ке имат можност да бидат присутни на овој натпревар во РК Пелистер.

 

РК РАДОВИШ – РК ПЕЛИСТЕР

Четврток 12.03.2020 год. Почеток 19.00 час.

Срц „25 мај“ Радовиш


Утре, вторник Јунирите на РК Радовиш продолжуваат со своите настапи, тие се домаќини натпреварот е закажан во 20.00 часот, во Срц „25 мај“.

 




 

Related Articles

Временска прогноза