Градоначалникот Љупче Почивалец денеска присуствуваше на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), каде што се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, како и за активностите насочени кон унапредување на локалната самоуправа во државата.

На седницата беа разгледани повеќе прашања од значење за функционирањето на општините, можностите за подобрување на услугите кон граѓаните и зајакнување на капацитетите на локалната власт.

Генералното собрание на ЗЕЛС е највисокото тело на Заедницата и го сочинуваат 90 делегати – сите градоначалници во државата и девет членови на Комитетот на советите при ЗЕЛС, составен од општински советници.

Преку активното учество во работата на ЗЕЛС, Општина Радовиш продолжува да придонесува во креирањето на политики и решенија кои ќе овозможат поефикасна и поквалитетна локална самоуправа во интерес на граѓаните.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!