Подготовките за Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври се при крај, но рокот за сите кои сакаат своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје да ги поднесат тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Како и дали кандидатите за градоначалник ги исполнуваат условите предвидени во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите се должни да ги достават во електронска форма на комисијата во рок од 24 часа од приемот на барањето без никаков надомест. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници Левица-Радовиш на локалните избори со сопствена листа на советници