За нов претседател на клубот е избран Ивица Карапетров, кој доаѓа од генералниот спонзор на клубот – рудникот за бакар Бучим, каде ја извршува функцијата Заменик управител.

За потпретседатели се избрани довчерашниот претседател Владо Лазаров и Горан Ристов.

За спортски директор на клубот е назначен трикратниот европски шампион и вицешампион на светот, освојувачот на првиот олимписки медал за Македонија и член на златната генерација на Бучим – Магомед Ибрагимов.

 

За генерален секретар е избран Славчо Тодоров, додека функцијата стручен секретар ќе ја извршува Љубе Тодоров.

 

Новото раководство најавува враќање на клубот на старите победнички патеки, со амбициозен план за повторно искачување на врвот во македонското борење и освојување на бројни медали на меѓународни турнири, како и на европски, светски првенства и Олимписки игри во наредниот период.

Зад клубот и понатаму како генерален спонзор ќе стои Рудникот за бакар и злато Бучим од Радовиш, со поддршка од Општина Радовиш, како и Адора Инженеринг, во сопственост на почесниот претседател Чифлиганец.

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!